Серхио Рамос има одличен почетон на новата приказна во Монтереј од Мексико, клуб за кој веќе постигна три гола на пет натпревари, но рано утрово го заработи и првиот црвен картон.
Дефанзивецот низ кариерата знаел да се „исклучи“, па така беше и против Пумас УНАМ и тоа во ситуација во која немаше потреба за тоа затоа што Монтереј водеше со 3-1 и ја имаше победата во раце.
Се играше 91 минута кога Рамос ја шутна „деветката“ на домаќините Мартинез Ајала за што заслужено беше исклучен од главниот судија.
Jajaj tenga la edad que tenga y juegue donde juegue, Sergio Ramos siempre va a seguir siendo un mala leche
— Habemus Fútbol (@Habemusfutbol10) March 17, 2025
pic.twitter.com/05BhYyrOh3