Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата

Дерби

17/03/2025

11:30

345

Големина на фонт

а а а

Тотенхем претрпе уште еден пораз во Премиер лигата, пораз број 15 и тоа во соочувањето со градскиот ривал Фулам.

Домаќините одиграа подобро во завршницата и со два гола во 78 и 88 минута ги освоија трите бода. Ова секако беше ново разочарување за навивачите, а еден од нив почна да го прозива стратегот Анге Постекоглу и почна да го прашува „што е ова“?

Ова не беше добро прифатено од Постекоглу кој сакаше да му одговори и побара почит, а за да ситуацијата не ескалира се погрижија останатите луѓе од Тотенхем пред се офанзивецот Тел.