Фернандеш влезе во одбрано друштво по новата импресивна партија во дресот на Јунајтед

Дерби

17/03/2025

11:12

245

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш е далеку најдобар и најконстантен играч на Манчестер Јунајтед и ако не беше тој во екипата навистина е голема прашање каде сега ќе беше клубот од „Олд Трафорд“.

Тој е во одличен ритам и тоа го потврди и против Лестер каде со две асистенции и гол го одведе својот тим до сигурен триумф на „Кинг Пауер“ од 3-0.

Оваа негова последна партија му овозможи влез во одбрано друштво, односно со двете асистенции стана само шестиот играч на Јунајтед кој наместил 50 погодоци во Премиер лигата.

На врвот е Рајан Гигс со 162 по што следат Вејн Руни, Дејвид Бекам, Пол Сколс и Ерик Кантона.