Синер ја зголемува предноста и кога не игра, Ѓоковиќ и кога губи напредува

Макфакс

17/03/2025

11:00

101

Големина на фонт

а а а

Џек Дрејпер го освои Мастерсот во Индијан Велс и забележа скок од седум места на АТП листата, на која и покрај тоа што не игра Јаник Синер суверено го држи првото место.

Дрејпер по најголемиот успех во кариерата од 14. скокна на седмото место, напредуваше и Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што испадна по првиот меч во Индијан Велс.

На најновата АТП листа нема промени на првите четири позиции. Синер е прв, пред Александар Зверев, Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ е на петтото место, ги искористи резултатите на Капсер Руд (6) и Данил Медведев (8) во Индијан Велс. Двајцата не успеаја да ги одбранат поените од минатата сезона.

Седми е Дрејпер, а топ 10 завршува со Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.