Аталанта имаше можност со победа над Интер да дојде на делба на првото место во Серија А, но „нероаѕурите“ уште еднаш се покажаа како ривал за кој клубот од Бергамо нема решение.
Гостите славеа со 2-0 со два гола во второто полувреме, резултат кој пак им овозможни да се издвојат на врвот на табелата со плус три во однос на Наполи и пет од Аталанта.
Домашниот стратег Џан Пјеро Гасперини секако е разочаран поради поразот, но имаше што да каже и за судијата Давиде Маса за кого смета дека го уништил натпреварот.
- Црвениот картон го уништи крајот на натпреварот што е штета не само за мојот тим, туку и за противниците и сите луѓе кои гледаа. Навистина немаше потреба да се оди таму, тоа беше непотребно и натпреварот беше сè уште отворен со преостанати 20 минути што можеше да биде исто толку фасцинантно.
- Судијата претера со Едерсон, бидејќи претходно имаше и други инциденти со жолти картони како Беланова, додека Едерсон е играч кој згреши што саркастично аплаудираше, но судијата навистина го уништи овој натпревар. Има многу полоши инциденти или зборови од аплауз, некои судии го игнорираат и се прават дека не го гледаат. Играта беше уништена после тоа во прекрасна атмосфера, штета беше да се види уништен меч меѓу првиот и трет поради тоа. Ги казни сите, двата тима и сите љубители на фудбалот, - порача Гасперини.