Ибрахима Конате би можел да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната.
Францускиот дефанзивец е стандардна опција оваа сезона заедно со Вирџил Ван Дајк како централен бек, но Ливерпул би можел да направи целосен ремонт во одбраната. Челниците се во потрага и по лев бек, кој би го заменил Енди Робертсон.
„Црвените“ ќе слушаат понуди за силниот централен бек, а цената која би била соодветна се движи околу 50 милиони фунти. Со Ливерпул се поврзува дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотенберг.
Енди Робертсон исто така би можел да го напушти клубот или пак да има помала улога, како резерва.
За оваа позиција желба на Ливерпул е левиот бек на Борнмут, Милош Керкез. Унгарскиот интернационалец оваа сезона игра брилијантно во Премиер лигата.
Ситуацијата околу Ван Дајк се уште е нејасна. Дали Ливерпул ќе му понуди нов договор на Холанѓанецот или не, останува прашање.
Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер лигата и со голема верјатност ќе ја освои титулата.