[ВИДЕО] Снимено е скандалозното однесување на Џастин Тимберлејк: Пејачот неконтролирано викал по вработените

Точка

15/07/2025

21:00

916

Големина на фонт

а а а

Џастин Тимберлејк беше снимен како им вика на своите вработени на сцената за време на настапот, откако звукот наводно бил прекинат на средина од неговиот настап.

Според видеото на еден обожавател на ТикТок, поранешниот член на „Енсинк“ (NSYNC) настапи на фестивалот Литам во Ланкашир, Англија, на 5 јули. Во виралното видео од инцидентот, микрофонот на Тимберлејк е исклучен, но тој бил очигледно бесен додека налутено гестикулирал на машки член на тимот.

Пејачот, користел агресивни гестови со рацете за да го изрази своето незадоволство, пред да се оддалечи од вработениот.

Обожавателите на Џастин биле збунети од видеото, но не и изненадени. Еден корисник на социјалните мрежи го нарекол „вистинска дива“, додека друг едноставно напишал: „Фуј“ под видеото што циркулира на платформата Икс.

„Разбирам дека техничкиот тим понекогаш може да биде досаден, но можел да се справи со ова на многу подобар начин“, додал друг корисник.

Порано оваа година, Џастин Тимберлејк се најде во центарот на уште едно вирално видео, во кое се однесуваше заканувачки кон група млади обожаватели. Кога го запре возилото на црвено светло, обожавателите го препознаа и го прашаа дали сака да се трка со нив. Пејачот ги погледна остро и малку арогантно праша: „Сакате нешто?“

Еден од навивачите возбудено одговори: „Ајде да се тркаме, ајде да се тркаме!“

На тоа, Тимберлејк отсечно одговори: „Сакате нешто, сакате нешто? Бегајте оттука, е**ни клинци“.