[ФОТО] Популарната актерка од "Еуфорија" е новата Бонд девојка? Мажите ќе бидат воодушевени од изборот

Точка

13/07/2025

13:31

2.855

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини (27) е во трка за улогата на новата Бонд девојка во долгоочекуваното продолжение на филмот за Џејмс Бонд, пишува "Daily Mail".

Додека со месеци се шпекулира кој ќе го наследи агентот 007, сега започнаа и гласини околу тоа која актерка ќе ја добие улогата на новата Бонд девојка.

Режисерот Дени Вилнев, кој наводно е близок пријател на познатата актерка, сака да ја ангажира Сидни Свини и верува дека и милијардерот Џеф Безос, основач на "Amazon" и креативен директор на филмот, го поддржува овој избор.


„Сидни е прво име на списокот на актерки за новиот Бонд филм. Дени смета дека таа е исклучително талентирана, а воедно има силна привлечност кај помладата публика, што е клучно за модернизација на франшизата. Тие често се дружат и тој со восхит го следи нејзиниот вртоглав подем“, открил извор близок до продукцијата.

По месеци шпекулации за тоа кој ќе биде новиот Џејмс Бонд, минатата недела обложувалницата "Coral" објави три водечки кандидати. Актерот Арон Тејлор-Џонсон моментално е главен фаворит, а веднаш зад него се Тео Џејмс и Џек Лауден.


„Забележавме нов бран поддршка за Арон Тејлор-Џонсон кога станува збор за обложување на следниот Џејмс Бонд. Иако се спомнуваа и други имиња последниве недели, овој британски актер сè уште е најголем фаворит да го наследи Даниел Крег“, изјави Џон Хил од "Coral".

Во трката за нов Бонд бил и Том Холанд, но навивачите го отпишаа бидејќи наскоро започнува со снимање на „Спајдермен 4“, кој наводно ќе го носи работниот наслов „Spider-Man: Brand New Day“.


Дени Вилнев, најпознат по режијата на филмот „Дина“, неодамна потпиша договор за режија на сè уште неименуван Бонд филм.

„Некои од моите најрани спомени од одење во кино се поврзани токму со овој филм. Растев гледајќи Бонд филмови со татко ми, уште од "Dr. No" со Шон Конери. Страстен обожавател сум на Бонд. За мене тоа е света територија. Планирам да ја почитувам традицијата и да отворам пат за многу нови мисии што следуваат. Ова е огромна одговорност, но и неверојатно возбудлива можност и голема чест“, изјави режисерот.