Романската пејачка Александра Стан во 2011 година ја објави песната „Mr. Saxobeat“, што ѝ донесе светска слава. Потоа следуваше пауза во нејзината кариера предизвикана од правни проблеми, а неодамна откри дека очекува дете.
Стан е романска поп и денс пејачка која светската препознатливост ја стекна на почетокот на 2010-тите, благодарение на големиот хит „Mr. Saxobeat“. Родена е на 10 јуни 1989 година во Констанца, каде што го поминала детството и рано покажала интерес за музиката, учествувајќи на локални фестивали и натпревари.
На меѓународната сцена се проби во 2010 година кога „Mr. Saxobeat“ стана еден од најслушаните денс-хитови во Европа, но и пошироко, со што Александра стекна статус на глобална поп-ѕвезда.
Набргу потоа таа продолжи да реди успеси со синглови како „Get Back (ASAP)“ и „Lemonade“, што ѝ обезбеди настапи ширум светот.
Сепак, нејзината кариера доживеа сериозен застој во 2013 година, кога се најде во фокусот на јавноста поради конфликт со тогашниот менаџер. Случајот предизвика големо внимание во медиумите и резултираше со привремено повлекување од јавниот живот, додека пејачката ги решаваше правните и личните проблеми.

По паузата, Стан ѝ се врати на музиката и во 2014 година го објави албумот „Unlocked“, со кој започна ново поглавје во кариерата. Во годините што следуваа продолжи да објавува нови песни и да одржува концерти, особено во Европа и Азија, каде што и натаму има верна публика.

Иако не го повтори глобалниот успех на својот најголем хит, Александра остана активна на музичката сцена.

Неодамна сподели среќни вести, откривајќи дека со партнерот Стефан Опреа очекува ќерка како и дека го избрала името Ева.











