[ВИДЕО] Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Макфакс

06/03/2025

12:09

2.437

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото.

Христијанската традиција налага дека свештеникот ги попрскува главите на верниците со пепел или прави крст на нивните чела со пепел. Во христијанската традиција посипувањето со пепел означува покајание и подготвеност за нов живот, пишува АП.

Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред да дојде на власт Фидел Кастро. Набргу тие ѝ се приклучиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД јавуваат дека тие подоцна ја напуштиле мормонската црква по наговор на нивниот син и се вратиле во католицизмот.

Рубио се оженил во Католичката црква, но подоцна станал член на евангелистичка мегацрква заедно со сопругата. Во следните години, како што рече, почнал да копнее по светата тајна причест, па се вратил во Католичката црква.