Со приближувањето на Велигденските празници, многумина се одлучуваат на пост – древна традиција која носи духовна длабочина, но и прилика за телесно прочистување. Постењето одамна не е само религиозен обичај, туку и начин да му дадеме на организмот заслужен одмор од обилната, калорична храна што ја консумираме во текот на зимата.
Од медицински аспект, постот се смета за еден од природните методи за детоксикација. Кога телото не внесува животински масти и тешки преработки, започнува процес на прочистување – токсините се исфрлаат, дигестивниот систем се балансира, а ние добиваме повеќе енергија и полесно се чувствуваме.
Но, дали постењето значи да се ограничиме на еднолични оброци? Апсолутно не! Денес, благодарение на разновидноста на посни намирници, постењето може да биде дури и гастрономско уживање.
Посни алтернативи за богата и балансирана исхрана
Понекогаш и не сме свесни колку многу вкусни и нутритивно богати производи можат да ни помогнат во периодот на пост. Наместо класичниот појадок со млечни производи, можете да уживате во растителни алтернативи како што се напитоци на база на бадем, овес или ориз – совршени за утринско кафе, смути или во комбинација со житарки.
Кога станува збор за заситувачки оброци, наместо бело брашно и преработени јаглехидрати, телото ќе ви биде благодарно ако изберете овесни каши без додаден шеќер, мусли или гранола. Тие не само што ќе ве држат сити подолго, туку ќе ви дадат и природна енергија без нагли осцилации во шеќерот во крвта.
За оние што сакаат да ги исполнат фитнес цели, протеинската гранола е одличен избор за внес на растителен протеин, а ќе ви даде енергија и сила за извршување и на најтешките тренинзи.
А за оние кои не можат без слатко – постот не значи откажување од омилените вкусови. Наместо млечен крем, можете да се насладите со посен крем од лешник и какао, кој совршено се вклопува во палачинки, десерти или едноставно – на лажичка како самостојно уживање.
Посни палачинки
• 200g овесни снегулки
• 1 лажица прашок за пециво
• 1 банана
• 4 лажици овесен напиток во прав
• 350мл вода (додадете по потреба)
• 1 лажичка ливадски мед
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и блендираат додека не се добие полугуста, хомогена смеса. Доколку смесата е прегуста, слободно додадете вода.
Палачинките се подготвуваат во тава за палачинки (нелеплива) подмачкана со кокосово масло.
Се сервираат со посните кремови од лешник или кикирики со какао или џем.
Постот не мора да биде предизвик – туку инспирација!
Со правилен избор на намирници, постењето може да биде можност за откривање нови вкусови, експериментирање во кујната и подобрување на исхраната. Затоа, оваа година пристапете му на постот не како ограничување, туку како патување кон поздрав и поисполнет живот.
Комерцијален текст