Соединетите Американски Држави ќе изградат „џиновски“ гасовод за природен гас на Алјаска.
Јапонија, Јужна Кореја и други земји изразија интерес да бидат партнери во овој проект и да вложат илјадници милијарди долари, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во своето обраќање пред американскиот Конгрес, Трамп истакна дека гасоводот ќе биде еден од најголемите во светот.
Министерството за индустрија на Јужна Кореја соопшти дека министерот Ан Дук-гун разговарал за проектот со американски функционери за време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, но дека деталите сè уште не се утврдени, пренесе "Ројтерс".
„Активно ќе се вклучиме во разговорите со Соединетите Држави за да го унапредиме проектот, бидејќи тоа е прашање од заеднички интерес за двете земји“, изјави портпаролот на министерството по изјавата на Трамп.