Маск за Украина: Уште колку родители без синови, деца без татковци

Макфакс

06/03/2025

09:26

295

Големина на фонт

а а а

Европските лидери сакаат вечна војна во Украина, објави Илон Маск на X. Маск реагираше на објавата во која корисникот „Wall Street Mav“ тврди дека данската премиерка Мете Фредериксен не сака да заврши војната во Украина бидејќи во тој случај рускиот претседател Владимир Путин би можел да нападне друга европска земја.

„Тие сакаат вечна војна. Уште колку родители без синови? Уште колку деца без татковци? Според нивната логика, никогаш нема да заврши“, напиша Маск.

Данската премиерка Мете Фредериксен на снимката вели дека замрзнувањето на конфликтот со некаква форма на прекин на огнот ќе и овозможи на Русија да ги подготви финансиите и војската за напад на друга земја.

„Ако дозволиме Русија да победи во оваа војна, жал ми е што директно ви го кажувам, тој ќе продолжи, тие ќе продолжат. Можеби ќе им дозволиме да бидат во подобра ситуација отколку што се денес. Ако ја запреме војната сега со некаква форма на замрзнат конфликт, прекин на огнот, што ќе и даде можност на Русија да се врати во Русија, да мобилизира повеќе ресурси и луѓе и можеби да нападне друга земја во Европа“, рече Фредериксен.