[ФОТО] Ниту „Apple“ ниту „Samsung“: Ова е најтенкиот телефон на светот

Точка

05/03/2025

12:42

829

Големина на фонт

а а а

„Tecno“ го претстави најтенкиот паметен телефон во светот – „Spark Slim“ – на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.

Концептниот телефон „Tecno Spark Slim“ беше прикажан за време на настанот „MWC“ 2025 во Барселона. „Tecno“ го промовира овој уред како најтенкиот телефон на светот, а неговата дебелина е само 5,75 милиметри.


Со оглед на тоа дека се работи за концепт телефон, нема информации дали и кога ќе го видиме „Tecno Spark Slim“ официјално на пазарот и дали ќе биде во оваа форма.

Во секој случај, „Tecno Spark Slim“ користи 6,78″ 3D Curved AMOLED дисплеј (1224p) со стапка на освежување од 144Hz. Максималната осветленост на екранот е 4500 nits. „Spark Slim“ има две камери од 50MP на задната страна, додека има селфи камера од 13MP на предната страна.

Батеријата, со капацитет од 5.200 mAh, е дебела само 4,04 mm и поддржува брзо полнење од 45 W. Од „Tecno“ не објавија кој чип го напојува телефонот, само посочи дека има „octa-core CPU“.