Јапонците лансираа решеткаст часовник: Најпрецизниот во светот

Точка

05/03/2025

21:36

820

Големина на фонт

а а а

Јапонската компанија Шимадзу (Shimadzu Corp) соопшти дека започнала со продажба на оптички решеткаст часовник, кој има грешка помала од една секунда во период од 10 милијарди години, што го прави најпрецизниот часовник на пазарот.

Часовникот, кој е широк 114 сантиметри, висок 109,3 сантиметри и длабок 65 сантиметри, ќе биде достапен по цена од околу 3,3 милиони долари по единица. Компанијата Шимадзу планира да продаде 10 примероци во наредните три години, пренесе "Кјодо".

Компанијата започна да прима нарачки откако во ноември 2024 година разви пренослива верзија во соработка со истражувачи од Универзитетот во Токио.

Оптичкиот решеткаст часовник, кој во 2001 година го измисли професорот Хидетоши Катори од Универзитетот во Токио, нуди прецизност што е стотици пати поголема од сегашните цезиумски атомски часовници, кои моментално ја дефинираат секундата.