Морган Фримен носел само една ракавица на Оскарите – Откриена причината

Точка

04/03/2025

21:25

5.159

Големина на фонт

а а а

Морган Фримен се појави на Оскарите за да му оддаде почит на неговиот близок пријател и колега Џин Хекман.

Хекман, кој се смета за еден од најголемите холивудски актери, беше пронајден мртов во неговиот дом во Санта Фе во средата, на 26 февруари, под околности кои властите ги сметаат за сомнителни. Неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава и нивното семејно куче исто така беа пронајдени мртви на истата локација.

Трогателно збогување со Џин Хекман

Фримен го предводеше оддавањето на почита на доделување на Оскарите, потсетувајќи се на неговата работа со Хекман во класикот „Unforgiven“ од 1992 година, како и во филмот „Under Suspicion“ од 2000 година.

„Индустријата изгуби великан“, рече Фримен, пофалувајќи ги актерските способности на Хекман. Инаку тој речиси цело време во текот на говорот ги држел рацете зад грб, а гледачите во еден момент забележале дека носи црна ракавица на левата рака.

„Зошто Морган Фримен носи црна ракавица? Запраша еден, а друг додаде: „Зошто има само една ракавица?“ Инаку, ова не е прв пат славниот актер да биде забележан со овој невообичаен моден детаљ.

Имено, Фримен во 2023 година носел слична црна ракавица до лактот додека ја презентирал наградата на Оскарите со Маргот Роби, а една година претходно исто така беше фотографиран со една ракавица за време на свеченото отворање на Светското фудбалско првенство во Катар.


Но, причината поради која носи ракавица нема никаква врска со модата – станува збор за сериозен здравствен проблем.

Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници

Тешката повреда од 2008 година оставила трајни последици

Пред 17 години, во 2008 година, тогаш 71-годишниот Фримен бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, кога изгубил контрола над возилото и излетал од патот во близина на својот дом во Чарлстон, Мисисипи. Автомобилот се превртел, а Фримен бил извлечен и со хеликоптер однесен во болница во Мемфис. Тој тогаш се здобил со повеќе скршеници на коските, а операцијата на неговата рака траела повеќе од четири часа.

Оттогаш, актерот се справува со неподнослива болка во рамото и трајно оштетување на нервите, состојба позната како фибромијалгија, за која не постои лек.


Поради тоа Морган носи компресивна ракавица за да ја ублажи болката и да спречи оток на раката. Зборувајќи за повредата во интервју за „People“ во 2010 година, тој признал дека неговата состојба никогаш не се подобрила.

„Ако не ја движите раката, таа ќе отече. Дали знаете дека ја движите раката речиси милион пати на ден? рекол тогаш. Во интервју за „Esquire“ неколку години подоцна, тој открил дека и понатаму страда од делумна парализа и силна болка која се шири низ неговата рака.