„Помалку да се грижиме за Путин, да не завршиме како Европа!“ – Трамп беснее поради поранешниот советник кој го обвини дека е многу мек со рускиот претседател

Точка

03/03/2025

22:00

1.774

Големина на фонт

а а а

Трамп порача дека Америка треба помалку да се грижи за Путин „за да не заврши како Европа“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече својот поранешен советник за национална безбедност „слаб и потполно бескорисен губитник“, а потоа порача дека САД треба „помалку да се грижат“ за рускиот претседател Владимир Путин „за да не завршат како Европа“.


"Fox News" пренесува дека Трамп го објавил ова во неколку пораки на неговата социјална мрежа „Truth Social“ во текот на синоќешните часови.

Овие пораки се однесуваат на генерал-полковникот Ејч Ар Мекмастер, кој во првата администрација на Трамп ја извршуваше функцијата советник за национална безбедност во Белата куќа.


Судирот започна со критика од Мекмастер

Ситуацијата ескалираше откако Мекмастер на социјалната мрежа "X" јавно го критикуваше начинот на кој Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс се однесувале кон украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Вашингтон во петокот, која заврши со жестока расправа.


Поради ова, состанокот во Белата куќа беше прекинат, а Зеленски добил порака дека треба да ја напушти зградата.

„Непоимливо е зошто претседателот Трамп и потпретседателот Венс изгледаат решени да вршат дополнителен притисок врз претседателот Зеленски, додека во исто време делуваат како да го галат Путин – личноста која ја започна оваа страшна војна во Украина“, напиша Мекмастер.

Трамп остро реагираше: „Мекмастер е губитник!“

Не помина многу време пред Трамп да одговори со својствена жестина.

„Ејч Ар Мекмастер е слаб и целосно бескорисен губитник!“, напиша Трамп за својот поранешен советник.

„Треба помалку време да трошиме грижејќи се за Путин, а повеќе за мигрантските банди што силуваат, нарко-босовите, убијците и луѓето од менталните институции што влегуваат во нашата земја – за да не завршиме како Европа“, порача Трамп.