Лукаревска: СДСМ поддржува 500 евра минимална плата

Макфакс

03/03/2025

13:55

273

Големина на фонт

а а а

Ние секогаш сме биле на страната на работниците и да се зголеми платата, така да ја поддржуваме борбата на синдикатите за 500 евра минимална плата, соопшти пратеничката, Сања Лукаревска.

Таа рече дека СДСМ во изминатиот период докажал дека минималната може и мора да се зголемува и тоа го правел со соодветни законски решенија.

„Сега гледаме дека цените постојано растат, животниот стандард на граѓаните континуирано опаѓа, владата не нуди никаква економска политика којашто ќе значи повисоки плати за работниците, и ликвидност на компаниите. Гледаме дека ефектите коишто ги имаа кошничките не го дадоа резултатот, нема никакви ефекти“, изјави Лукаревска.

Сите наши економски мерки коишто ги поднесовме во изминатиот период како и оваа денеска, рече пратеничката, одат во интерес на зголемување на платите на граѓаните, односно на работниците.