Францускиот премиер го осуди вербалниот напад на Трамп врз Зеленски како бруталност

Макфакс

03/03/2025

21:16

280

Големина на фонт

а а а

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за минатонеделниот вербален напад на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба на Белата куќа, оценувајќи дека однесувањето на Трамп е демонстрација на неверојатна „бруталност“ чија цел е да го понижи украинскиот лидер и да го принуди да се потчини на волјата на рускиот претседател Владимир Путин.

Исклучително искрената критика, лишена од дипломатска пристојност, упатена од премиерот Франсоа Бајру за време на дебатата за Украина во француското Национално собрание беше во различен тон од посуптилниот тон во кој францускиот претседател Емануел Макрон го коментираше вербалниот судир меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа, пренесува АП.

„Во петокот вечерта, во Овалната соба на Белата куќа, пред камери од целиот свет, се случи неверојатна сцена, обележана со бруталност и желба за понижување, со цел да се принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да попушти пред заканата и да ги прифати барањата на агресивниот американски претседател“, рече Бајру.