[ВИДЕО] Маж направил 500 склекови за еден час па ги покажал драматичните резултати

Точка

03/03/2025

13:48

1.443

Големина на фонт

а а а

Правењето 500 склекови во еден ден би било доволно импресивно. Но, еден маж ги покажал драматични резултати пред и по изведувањето на овој фитнес подвиг и тоа за само еден час.

Во видеото објавено на Јутјуб, музичарот Џексон Хантер покажа како, откако направил 500 склекови, мускулите на раката и градите значително му пораснале. Ова е последица на зголемениот проток на крв во мускулите предизвикан од физичка активност во краток временски период.

Иако по ваков подвиг, мускулите се значително поголеми и, за некои, естетски попривлечни, отокот кој настанува е само привремен и трае само два до три часа, во зависност од факторите како што се интензитетот на вежбањето и тоа колку е хидратизирана личноста.

И покрај тоа што изведувањето на 500 склекови може да биде претерано, експертите велат дека оваа вежба е одличен показател за целокупното здравје, помагајќи да се измери силата и издржливоста на една личност.

Дали склековите можат да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар?

Клиниката Мајо објави колку склекови треба да сме способни да направиме во зависност од возраста и полот. На пример, мажите на возраст од 25 години би требало да се способни да направат 28 склекови во еден обид, додека за жените целта е 20 склекови. Бројката се намалува како што минуваат годините: за 35-годишни мажи целта е 21, додека за жените е 19. За 55-годишниците целниот број на склекови е 12 за мажи и 10 за жени, а за 65-годишници од двата пола целта е 10 склекови.


Додека ваквите водичи можат да послужат како општ индикатор, индивидуалната кондиција може да биде под влијание на многу фактори и не треба премногу да се фокусираме на постигнување одредена бројка. Наместо тоа, поважно е да се постигне редовно и одржливо ниво на физичка активност.

Студиите исто така сугерираат дека способноста за правење поголем број склекови, го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Едно истражување покажало дека средовечните мажи кои можеле да направат 40 склекови без престан имале 96 отсто помал ризик од срцеви заболувања од другите мажи кои можеле да направат помалку од 10 склекови.