Мачките важат за тивки миленичиња коишто всушност го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Галењето со миленичето, се вели, ослободува хормони на среќа коишто го намалуваат стресот.
Се верува дека, како миленичиња, мачките им носат среќа на своите сопственици, но и според многу истражувања, тие позитивно и благотворно влијаат и на емоциите и на стресот.
Важат за тивки миленичиња коишто всушност го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Мачката го намалува стресот. Галењето со миленичето, се вели, ослободува хормони на среќа коишто го намалуваат стресот. Дополнително, луѓето, кои чуваат мачка, имаат понизок крвен притисок и помала опасност од кардиоваскуларни болести
Тука се наведува и предењето коешто емитува фреквенција од 25 – 150 херци и, исто така, има терапевтски ефект врз здравјето на човекот, според „Кетс лав ас“ (Cats Luv Us). Овие фреквенции се сметаат за лековити бидејќи ублажуваат болки и ја стимулираат регенерацијата на коските.
Мачките имаат важна улога и во намалувањето на чувството на осаменост. Луѓето со маче, како домашно милениче, честопати имаат подобра емоционална состојба бидејќи животното благотворно влијае на анксиозноста и на депресијата.
За крај, се истакнува дека мачките создаваат емотивна врска, корисна за менталното здравје, а тоа ги прави совршени миленици за современиот начин на живот.