Песков: Западот се распаѓа

Макфакс

03/03/2025

16:09

1.780

Големина на фонт

а а а

Кавгата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот лидер Доналд Трамп покажа колку тешко ќе биде да се реши ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Киевскиот режим и Зеленски не сакаат мир, тие сакаат војната да продолжи. Затоа, во оваа ситуација, се разбира, напорите на Вашингтон и подготвеноста на Москва да го реши проблемот очигледно нема да бидат доволни“, рече Песков.

Според него, сега може да се види дека „колективниот Запад делумно почна да го губи колективитетот“.


„Остануваат групи земји кои ја сочинуваат воената група. Тие не велат дека треба што поскоро да преминеме во мирни услови“, додаде Песков.

Зборувајќи за реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на конфликтот, Песков истакна дека претседателот е свесен за суштината на она што се случи и го зема предвид.

„Тој ги знае сите нијанси. Настан без преседан. Се разбира, Зеленски покажа целосен недостаток на дипломатски вештини на многу начини“, додаде Песков.


Прес секретарот на Путин ја нарече ситуацијата тешка за решавање. Неподготвеноста на Володимир Зеленски да отстапи територија е поврзана со неговата неподготвеност да ја прифати реалноста на теренот, додаде тој.

Песков посочи дека Москва го продолжува дијалогот со Вашингтон со цел нормализирање на билатералните односи и создавање услови за нормално функционирање на дипломатските претставништва.

„Немаше никакви контакти меѓу Путин и Трамп кои треба да бидат објавени. Русија продолжува со специјалната воена операција за да ги постигне своите цели“, рече Песков.