Денот на жената, 8 Март, е празник во кој ја славиме еманципацијата на жените и нивната незаменлива улога во општеството. Секоја жена заслужува внимание и грижа во текот на целата година, но на овој ден особено треба да се посвети внимание на тоа.
Без разлика дали сте маж или жена, нема подобар начин да ја искажете својата благодарност од одбирање на совршен подарок за нив.
Секоја жена е посебна и уникатна и секоја посакува различни нешта. Но, во листата на желби на речиси сите, исто така, се производите на dm. Огромната понуда на парфеми, шминки, подарок сетови и многу други производи за грижа и нега се дел од желбите и сигурно нема да погрешите доколку се решите за ваков подарок.
Секако, кога подарувате, не можете да знаете кои производи ги преферираат, па токму затоа е одлична идеја да одберете од подарок ваучерите на dm со кои тие ќе можат да поминат долго време меѓу рафтовите и да го одберат токму она што им се допаѓа.
Подароци за сите жени и од dm
Како компанија која се грижи за своите купувачи, тие нема да пропуштат и сами да ја изразат благодарноста! На Facebook страната на dm од 3 март ќе може да учествувате во голем giveaway и да го освоите совршениот подарок!
Дополнително, во наредниот период ќе бидат ангажирани инфлуенсери и експерти за убавина кои ќе пренесат професионални совети, препораки и идеи за подароци во овој период, но и ќе ви помогнат да ги искористите најдобро некои од најпопуларните производи достапни во dm.
Секоја дама заслужува да добие внимание за Денот на жената, а dm ќе се потруди да се случи токму тоа. Подгответе се навремено со подароци во периодот пред 8 Март, а на самиот ден, секоја жена нека ги посети продавниците на dm, за заеднички да го прославиме празникот.