Жерард Пике е свесен за товарот кој го носи претседателското место во Барселона, но вели дека би прифатил таква позиција ако клубот му се обрати во иднина.
Поранешниот дефанзивец на Каталонците ги следи случувањата во својот омилен клуб, а во последната изјава најавил дека би се нафатил да биде претседател.
– Луѓето ми го поставуваат тоа прашање толку често, што веќе почнав да размислувам на таа тема.
– Да бидеш претседател на Барса носи повеќе жртвување, одошто некаков бенефит.
– Немам потреба да бидам претседател, но од друга страна ако еден ден проценам дека сум му потребен на клубот, ако клубот има потреба од такво нешто, ќе мора да одговорам позитивно бидејќи Барса ми овозможи се што имам во животот, – рекол Пике.