Елиминацијата во Купот од Емполи само ги надополни критиките за Јувентус, односно тренерот Тиаго Мота, а на списокот познати имиња кои редат тешки зборови на негова адреса очекувано се најде и Антонио Касано.
Поранешниот напаѓач и досега критикуваше, но дополнително бил мотивиран од неуспехот во Копа Италија.
– Не би го оставил Мота на клупата дури и да ја освои титулата. Ништо не може да ги избрише овие месеци и елиминацијата од Лигата на шампионите и Купот.
– Очекував поинаква ситуација со сите тие трансфери, наместо напредок некои фудбалери назадуваа и разочараа, а тренерот направи целосна катастрофа.
– Ако тргнеме се на страна, не знам зошто нема доверба во Кефрен Тирам. Најчесто не игра, иако според мене тој е најдобар играч на Јувентус. Не разбирам што прави Мота, по она што го направи со Болоња, очекував поинакво влијание врз Јувентус, – рекол Касано.