[ВИДЕО] Тинејџер фатен во Аеродром со 200 кесички марихуана

Макфакс

28/02/2025

13:47

1.101

Големина на фонт

а а а

Седумнаесет годишник синоќа бил затекнат во општина Аеродром со 200 полиетиленски кесички со марихуана.

Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, велат од МВР.

Денес ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.