Хулијан Алварез освои многу трофеи со Манчестер Сити, но во летниот преоден рок реши да го напушти премиерлигашот и се пресели во Атлетико Мадрид.
Шпанскиот клуб не зажали за оваа инвестиција, бидејќи аргентинскиот интернационалец веќе постигна многу голови за тимот на Диего Симеоне, а Алварез во последната изјава открива зошто решил да се раздели со Сити.
– Сити имаше голема доверба во мене уште од првиот ден, одиграв многу натпревари, постигнав многу голови и се беше перфектно.
– Дури и ако останев, ќе бев во комфорна позиција, секогаш ќе му бидам благодарен на клубот, но сепак ми требаше нешто поинакво…
– Она што пресуди е фактот што сакав да играм на најважните натпревари. Не играв во финалето на Лигата на шампионите, имав симболичен настап во полуфиналето, а јас сакам да бидам дел од таквите натпревари. Тоа беше единствената причина да заминам, – рекол Алварез.