Нејмар: Реал ми понуди „бланко чек“, но срцето ме одведе во Барселона

Дерби

28/02/2025

12:48

409

Големина на фонт

а а а

Нејмар има повеќе време за комуникација со медиумите откако се врати во родниот Бразил, па актуелниот член на Сантош имал уште едно гостувањето, овојпат во популарен фудбалски подкаст во својата земја.

Во рамките на овој разговор, Нејмар зборувал за својот трансфер во Барселона, односно војната која ја воделе Барса и Реал Мадрид за неговиот потпис.

– Добив понуда од двата клуба, односно конкретна понуда од Барселона и понуда од Реал која практично беше „бланко чек“.

– Од Реал ми порачаа сам да ја напишам сумата која сакам да ја добијам и тоа ќе биде остварено. Ако отидев во Реал сигурно ќе заработував три пати повеќе од тоа што го добивав во Барселона, а Флорентино Перез отсекогаш ме посакувал и ми го кажа тоа.

– Сепак, на крајот го слушав срцето. Мојот сон беше да играм за Барселона, Роналдињо, Меси… Мојот сон беше да играм со Меси и затоа потпишав за Барселона, – открил Нејмар.