DeepSeek направи контроверзен потег, споделува кориснички податоци со TikTok

Точка

26/02/2025

14:30

3.981

Големина на фонт

а а а

Споделувањето на корисничките податоци од страна на DeepSeek со ByteDance, матичната компанија на TikTok во Кина, повторно ја разгоре загриженоста за приватноста која веќе постои во врска со компанијата за вештачка интелигенција.

DeepSeek повторно се најде во центарот на вниманието откако јужнокорејските истражувачи за сајбер безбедност забележаа дека компанијата споделува кориснички податоци со трети страни.

На почетокот на февруари, истражувачите открија скрипта на веб-страницата на DeepSeek која собираше информации за креирање сметка и најавување, а потоа ги испраќала до China Mobile, кинеската државна телеком компанија.


Но, сега DeepSeek повторно ја покрена загриженоста на јавноста, бидејќи беше откриено дека компанијата испраќа податоци до матичната компанија на TikTok.

Јужнокорејската Комисија за заштита на лични информации (PIPC), истата институција која ги стопираше новите преземања на мобилните апликации на DeepSeek поради прекршување на приватноста, откри дека компанијата за вештачка интелигенција испратила податоци до ByteDance.

Во моментов не е јасно каков е обемот на собирање на податоци.

„Потврдивме дека DeepSeek комуницира со ByteDance“, изјави портпаролот на PIPC. Тој додаде дека агенцијата „допрва треба да утврди кои податоци се пренесени и до кој степен“.


Причината за споделување на корисничките податоци на DeepSeek со ByteDance останува нејасна.

Како што Интернетот се претвора во игралиште за различни компании и услуги и полека се оддалечува од својот оригинален дизајн насочен кон корисниците, заштитата на нашите дигитални животи е поважна од кога било.