Доналд Трамп објави видео направено со помош на вештачка интелигенција на неговиот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.
Ова видео кое тој го објави без коментар го визуализира пејзажот на моментално разурнатата Газа во модерен и трансформиран град на морето, полн со хотели, луѓе и облакодери.
🚨🇺🇸 TRUMP'S "GAZA RIVIERA" AI VIDEO: FEVER DREAM OR FOREIGN POLICY?
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) February 26, 2025
Trump's latest AI creation reimagines Gaza with luxury towers, a gold Trump statue and... dancing bearded women?
Either we're witnessing next-level trolling or Barron's gotten hold of Dad's phone again.… https://t.co/YAlgr999nv pic.twitter.com/U2av3eNkw6
Ова следи по неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците од Газа во соседните арапски земји со цел да се изврши масовна реконструкција на уништената земја.
Џиновска златна статуа на Трамп и Маск коj фрла пари по луѓето
Мотивот на постојана забава и пари се провлекува низ видеото откако за прв пат ќе се прикаже уништениот град. „Газа 2025, што е следно? Напишано е на почетокот од видеото пред Илон Маск да почне да фрла американски долари по луѓето.
Се појави и џиновската златна статуа на Доналд Трамп, поставена на средина на вештачки создадената Газа, но потоа се појави и самиот Трамп, кој во видеото танцува со стомачна танчарка, а Илон Маск јаде. Во еден момент, заедно се појавија и Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху во костими за капење седејќи на лежалки пред хотелот со пива в рака.
Што ќе се случи со Газа?
Ова видео доаѓа среде тековните дебати за американското учество во мировните напори и планирањето за обнова на Блискиот Исток. Иако видеото дава визуелен приказ на потенцијалниот развој, администрацијата сè уште не објави конкретни детали во врска со временските рокови за спроведување, механизмите за финансирање или дипломатските рамки кои би ги поддржале таквите иницијативи.
Белата куќа не издаде официјално соопштение во кое ги појаснува конкретните предлози илустрирани во видеото или како тие се усогласуваат со актуелните дипломатски стратегии. Претставниците на Стејт департментот, кога биле повикани да дадат коментар, потенцирале дека официјалните политички објави ќе дојдат преку официјалните канали.