Конечно објавена долгорочната прогноза! Каква пролет нè очекува! Ла Нина доаѓа во Европа и носи целосна промена на времето!

Точка

26/02/2025

21:57

4.287

Големина на фонт

а а а

Најновите долгорочни прогнози за пролетта 2025 година го покажуваат веројатното влијание на Ла Нина врз сезонските временски услови во Европа. Се предвидува доминантен систем со висок притисок над континентот, додека систем со низок притисок ќе се формира на запад и северозапад.

Метеоролошката пролет трае три месеци – март, април и мај. Овој период претставува транзиција од зима кон лето, што носи многу динамика, пренесува Severe Weather во својата најнова прогноза.


Се смета дека океанскиот феномен Ла Нина ќе одигра неочекувана улога оваа сезона. Обично е тешко да се утврди или да се забележи нејзиното директно влијание врз Европа, но еден од најзначајните климатски фактори оваа пролет ќе биде токму Ла Нина во тропскиот дел на Тихиот Океан.


Иако во изминатите два месеци нејзината сила се зголемува, засега постојат само основни индикации за тоа каква улога ќе има во пролетта 2025 година во Европа. Според прогнозите, Ла Нина ќе остане присутна барем до почетокот на пролетта.


Сепак, нејзиното атмосферско влијание може да трае подолго, опфаќајќи ја целата пролетна сезона на северната хемисфера. Ла Нина може да донесе потопла и посува пролет во делови од централна и западна Европа, додека повеќе врнежи се очекуваат во југозападните, западните и северните делови на континентот, како и над Средоземното Море.


Severe Weather Europe користи два сезонски модели за прогноза – ECMWF (Европски центар за среднорочни временски прогнози) и UKMO, моделот на официјалната британска метеоролошка служба.


ECMWF: Помалку врнежи во текот на пролетта

Проширената прогноза на ECMWF укажува на повисок притисок во централна и источна Европа. Областа со низок притисок се наоѓа над далечниот северен Атлантик и северозападна Европа, што е карактеристично за пролетното влијание на Ла Нина.


Температурната прогноза покажува потопол тренд за поголемиот дел од централна и северна Европа. Ова е резултат на зоната со висок притисок и југозападниот воздушен тек од областа со низок притисок над Атлантикот.


Тренд на нормални до пониски температури се забележува во југозападна и делови од централна и југоисточна Европа. За март се прогнозираат помалку врнежи во поголемиот дел од централна Европа и источните региони, што се должи на влијанието на областите со висок притисок.

Сепак, повеќе врнежи може да има во јужните, западните и северните делови на континентот, под влијание на системите со низок притисок над северниот Атлантик и западниот Медитеран.


Аномалијата на висок притисок над Европа е типична за пролетната Ла Нина, што укажува на можност оваа метеоролошка шема да биде поврзана со нејзиното глобално влијание. Потопли температури и поблаги услови се поверојатни во западните, централните и источните делови на Европа. Централните и западните региони би можеле повремено да бидат под влијание на атлантски фронтови од запад/северозапад, предизвикани од области со низок притисок над северниот Атлантик, пишува Severe Weather.

Во однос на врнежите, во Европа се прогнозираат поголеми количини врнежи во југозападните, централните и северните предели. Ова е резултат на очекуваниот понизок површински притисок над југозападна Европа и пошироката зона со низок притисок над северниот Атлантик.


Во комбинација со пониските температури, тоа може да доведе до потенцијални снежни врнежи во раната пролет. Иако пролетта се смета за почеток на потоплиот дел од годината, сепак може да има снежни врнежи, особено во март.


Најновата прогноза за снежни врнежи за периодот март – мај 2025 година укажува на тоа дека врнежите ќе бидат под долгорочниот просек во најголемиот дел од континентот. Сепак, тоа не значи дека снег воопшто нема да има, туку дека ќе биде поредок од просекот во изминатите 30 години. Доколку студен фронт донесе доволно студен воздух, можно е да има значителни снежни врнежи во централна Европа, но ваквите настани ќе бидат ретки во месечните просеци.


UKMO модел: Повисоки температури

Моделот UKMO дава малку поинаква прогноза во споредба со ECMWF. Според него, ќе се формира област со висок притисок со центар над западна Европа, додека систем со низок притисок ќе биде позициониран над далечниот северен Атлантик. Зоната со висок притисок ќе се протега кон исток, покривајќи го поголемиот дел од Европа.

Температурната прогноза на UKMO покажува дека пролетта ќе биде потопла од вообичаеното низ поголемиот дел од континентот, особено во северните и североисточните региони.


Во однос на врнежите, прогнозата сугерира дека централна и западна Европа ќе бидат генерално посуви, што е очекувано со оглед на прогнозираниот висок притисок. Од друга страна, северна и јужна Европа покажуваат поголема веројатност за врнежи во пролетниот период, под влијание на зоната со низок притисок на север и зоната со низок притисок над Средоземното Море.

Во северозападна Скандинавија се очекуваат повеќе пролетни снежни врнежи, каде што температурите ќе останат доволно ниски, а областа со низок притисок ќе донесе обилни врнежи.