СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

25/02/2025

09:40

202

Големина на фонт

а а а

Како што истакнуваат од владејачката партија, СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица.

„СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски.

СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е криминалец и е контра Трамп и Америка.

СДС и Филипче ги поддржуваат ставовите на мегафонот Ордановски.

СДС и Филипче се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД.


Секоја меѓународна активност во насока за развој на Македонија, мегафоните на СДС и Филипче како Ордановски малициозно се обидуваат да ја омаловажат“.

Додаваат дека додека СДС и Филипче се заглавени во сопствените лавиринти и тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски има јасна цел, визија и стратегија за економски развој и унапредување на односите со стратешките партнери на Македонија како САД.