Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата на Украина и нејзините сојузници од ЕУ по повод третата годишнина од војната

Макфакс

24/02/2025

19:43

375

Големина на фонт

а а а

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја усвои резолуцијата подготвена од Украина и нејзините европски сојузници по повод одбележувањето на третата годишнина од рускиот напад врз Украина со 93 гласа „за“, 65 воздржани и 18 гласа „против“, пренесува Ројтерс.

Резолуцијата ја подготви Украина во соработка со повеќе од 50 земји, пренесе РИА Новости.

САД беа воздржани, а Вашингтон пак подготви своја, неутрална резолуција, за која денеска ќе гласа и Генералното собрание.

Резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија.

Резолуцијата содржи и едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата, наведува руската агенција.

Во исто време, како што пренесува РИА Новости, „терористичките напади на Киев врз мирни граѓани на Руската Федерација, како и присуството на вооружените сили на Украина во регионот Курск“, на ниту еден начин не се осудувани или споменати во нацрт-резолуцијата, пренесува Танјуг.

Во текстот, исто така, не се споменува правото на народите на самоопределување, како што е содржано во Повелбата на ОН, додава руската агенција.

Русија, според медиумот, започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари 2022 година, со цел, како што наведе, да се изврши демилитаризација и денацификација на Украина.