Бела Хадид презентира модни хитови, а Канскиот филмски фестивал не може без неа. Овојпат, дури ни без нејзината мајка Јоланда Хадид.
Бела Хадид, една од најубавите жени во светот, повторно успеа да привлече внимание кон себе за време на Канскиот филмски фестивал. Таа се појавила на настанот „Miracle Gala“ организиран од брендот „Chopard“, кој се одржал во понеделникот во рамките на фестивалот.

За оваа пригода, таа одбрала уште една одлична, елегантна креација, исто како на црвениот тепих, каде што прошета во бајковита верзија и остави многумина без зборови.
Таа се појави во свечен златен фустан потпишан од Ели Сааб, а станува збор за фустан со длабоко деколте и прерамки кој е направен од проѕирен дел и многу детали што го прават спектакуларен.
Бела комбинацијата ја надополнила со златни сандали, накит, шминка и романтична фризура во форма на меки кадрици и шноли.

И навистина, се чини дека откако раскина со згодниот каубој, ја гледаме во некои од нејзините најубави изданија.
Таа на Канскиот филмски фестивал пристигнала во придружба на нејзината мајка и брат, а со нејзината мајка Јоланда Хадид се појавила и пред фотографите и гордо покажала колку ја обожава.











