Невообичаена сцена во Лондон: Езе и Андерсен го режираа најбизарниот дуел во Премиер лигата

Дерби

24/02/2025

12:29

1.049

Големина на фонт

а а а

Кристал Палас фати посакуван ритам и почна значително да се оддалечува од опасната зона во Премиер лигата, а исчекор плус беше направен изминатиов викенд со победа на „Кревин Котиџ“.

Тимот на Гласнер успеа да го победи Фулам на негов терен со 0:2 и почна да плива во „мирни води“ на првенствената табела, па сега сигурно ќе игра и далеку поопуштено до крајот на сезоната.

Кристал Палас освои големи три бода со автоголот на Јоаким Андерсен и погодокот на Муноз, а дополнително фановите видоа и една несекојдневна сцена во Лондон за која се погрижија Еберечи Езе и трагичарот на натпреварот.

Езе беше прилично незадржлив за одбраната на Фулам во голем дел од мечот, па во една ситуација, режираа вирална сцена со неговиот ривал.

Офанзивниот фудбалер на Кристал Палас стоеше во место и чекаше потег од Андерсен, кој пак реши да го копира ривалот и да испроба необична тактика со цел да го неутрализира.