Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Макфакс

24/02/2025

10:04

1.226

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани ужасни моменти од војната.

Во објава на Икс, Зеленски изрази гордост и благодарност до сите што ја бранат и поддржуваат земјата.

„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутно херојство на Украинците. Горд сум на Украина! Им благодарам на сите што ја бранат и поддржуваат. На сите што работат за Украина. И нека е вечен споменот на сите кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.