Де Лаурентис со охрабрувачка порака по киксот на Наполи: Еден бод разлика нема да нѐ исплаши

Дерби

23/02/2025

17:27

1.117

Големина на фонт

а а а

Наполи денеска доживеа незгоден пораз на гостувањето кај Комо, со што му овозможи на Интер да остане на првото место на табелата во пресрет на меѓусебниот дуел.

Овие две екипи во моментов имаат најголеми шанси да го освојат скудетото, па јасно е дека избраниците на Антонио Конте, загубија важни бодови, но Аурелио Де Лаурентис испрати несекојдневна порака веднаш по крајот на натпреварот.


Претседателот на Наполи очигледно сака да ги охрабри фудбалерите и фановите, па преку социјалните мрежи го најави дербито со Интер.

– Еден бод помалку од Интер не треба да нѐ исплаши.

– Ние сме голем тим со одличен тренер, ние сме Наполи. Напред момци, – напишал Де Лаурентис на „Икс“.