[ВИДЕО] Психолозите предупредуваат: Овие 7 навики нè прават несреќни, а притоа не сме свесни за тоа

Точка

15/12/2025

10:12

760

Големина на фонт

а а а

Во време кога се очекува од нас да бидеме постојано насмеани и благодарни, будењето без чувството на целосна среќа може да создаде дополнителен притисок. Сето тоа се влошува кога ќе ги отвориме социјалните мрежи и гледаме туѓи совршени лица и животи.

Стручњаците за ментално здравје порачуваат дека среќата не е константно состојба и дека одредени начини на размислување можат да нè оддалечат од вистинското задоволство.

Срам, вина и грижа

Психотерапевтката Тамика Левис вели дека срамот, вината и грижата се најголемите непријатели на среќата, бидејќи нè држат заробени во минатото или иднината, наместо во сегашниот момент каде што се наоѓа радоста. Таа препорачува сочувство кон себе, благодарност и мантра хо’oпонопоно – „Жал ми е. Те молам, прости ми. Благодарам. Те сакам." – која помага да се ослободиме од вината и да се потсетиме на самољубовта.


„Требало да“ размислување

Реченици како „До сега требаше да бидам понапред во кариерата“ или „Требаше да бидам посреќна“ создаваат притисок и нè оддалечуваат од сегашниот момент. Далберг советува: „Обидете се да се вратите во 'овде и сега'. Погледнете околу себе и најдете нешто што можете да го цените, дури и ако не е совршено.“

Непревземање акција

Многу луѓе остануваат во врски или на работни места кои не ги исполнуваат бидејќи се плашат од грешка, вели психотерапевтката Садаф Сидиќи. Стравот од неуспех често води до парализа на одлуката, па таа советува мали, свесни чекори кон промена, бидејќи „секоја грешка е дел од процесот, а големите промени често настануваат од ситни чекори“.


Недостиг на врска со самиот себе

Кога не ги познаваме нашите граници и вредности, бараме потврда однадвор. Сидиќи истакнува дека силната врска со самиот себе е клуч за среќата. „Тоа не значи да ги игнорирате своите мани, туку да ги прифатите и да научите да живеете со нив.“ Самопознавањето носи појасни граници и чувство на сигурност.

Споредување со другите

Гледајќи ги туѓите совршени животи на социјалните мрежи, лесно забораваме дека гледаме само нивната најдобра верзија, предупредува терапевтката Стефани Далберг. Таа препорачува да го ограничиме времето онлајн и да го започнеме денот со благодарност, бидејќи тоа нè враќа во реалноста, додека психолошката експертка Шавон Мур-Лобан додава дека „не е лесно да бидеш задоволен со својот живот кога постојано ги гледаш туѓите врвови“.


Игнорирање на подлабоките проблеми

Потиснувањето на болката и траумите не носи мир. „Тешките работи кои нè преплавуваат остануваат во нас додека не се соочиме со нив“, објаснува психологот Мур-Лобан. Таа нагласува дека вистинската среќа се јавува само кога ќе погледнеме што се крие под површината. За потешки состојби, како што е депресијата, потребна е стручна помош.

Изолација

Во дигиталната ера многу луѓе чувствуваат поврзаност, но не и блискост. „Поврзани сме онлајн, но не и вистински“, вели Левис. „Размислете со кого се поврзавте денес.“ Луѓето имаат потреба од вистински односи, разговори и заедништво – тоа е она што ја храни среќата.



Како да внесете повеќе радост во секојдневниот живот

Првиот чекор е намерата. „Наместо да го започнете денот со список на обврски, прашајте се: како сакам да се чувствувам денес?“, вели Левис. Ако сакате мир, размислете што ви го носи.

Психотерапевтката Сидиќи порачува: „Среќата не е конечна дестинација. Таа се состои од моменти кои ги избираме на патот.“ Кога ќе престанеме да бараме постојано задоволство и ќе прифатиме дека подемите и падовите се дел од животот, полесно ќе ги пронајдеме малите радости – и во нив трајната сила.