Поевтини намирници или скриено поскапување – што ни носи владината мерка?

Денар

19/02/2025

19:01

1.377

Големина на фонт

а а а

Владината одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговијата на големо и мало предизвика бурни реакции меѓу граѓаните. Некои сметаат дека ова е неопходна мерка која ќе помогне во стабилизација на цените на основните прехранбени производи, додека други се сомневаат во нејзината долгорочна ефективност.

Со одлуката која ја соопшти заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, се ограничува маржата на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во три категории: 5% за основните осум производи (млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко), 10% за 55 прехранбени производи (месо, млечни производи, шеќер, конзерви и житарки), и 15% за 39 други прехранбени производи и хигиенски средства (овошје, зеленчук, пелени, детергенти). Оваа одлука ќе биде во сила до 30 април 2025 година, со можност за ревизија.

Граѓаните: надеж, но и скепса

Некои граѓани ја поздравуваат одлуката, сметајќи дека конечно ќе почувствуваат олеснување во секојдневните трошоци.

Марина Петрова, мајка на две деца од Скопје, вели:

„Секој месец правам сметка за храната, и цените секогаш одат нагоре. Ако владата успее навистина да ги намали цените, барем малку, тоа ќе биде огромна помош. Маслото, јајцата, брашното – тоа се производи што секое семејство ги купува секојдневно“.

Од друга страна, постојат и граѓани кои сметаат дека ова е само привремена мерка која нема да даде долгорочни резултати.

Иван Миланов, трговец од Битола, изразува скепса:

„Ова можеби ќе донесе мало олеснување на почетокот, но што после 30 април? Дали трговците ќе најдат начин да ги покријат загубите со нови, повисоки цени? Многупати сме биле сведоци на краткорочни решенија што на крајот не функционираат“.


Ќе се намалат ли цените во реалноста?

Заменик министерот Ристески изјави дека според анализите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), маржите на некои трговци биле и до 50% на одредени производи.

Владата очекува дека со оваа мерка цените ќе се намалат во просек за 10%.

Но, токму тука граѓаните изразуваат најголема загриженост – дали намалените маржи навистина ќе резултираат со поевтини производи, или ќе доведат до други економски последици, како намалување на залихите во продавниците или скриено зголемување на други производи.

„Проблемот не е само во маржите, туку и во набавните цени. Ако добавувачите ја зголемат цената, трговците ќе ги зголемат и финалните цени, па и покрај ограничените маржи, ќе плаќаме исто или повеќе“, вели Дарко Милевски, жител на Ѓорче Петров.

Тој додава дека веќе има искуство со слични ограничувања во минатото, но дека цените повторно пораснале штом мерките биле укинати.


Трговците предупредуваат: Можно е намалување на залихите

Трговците и дистрибутерите предупредуваат дека ограничувањето на маржите може да доведе до намалена исплатливост на продажбата на одредени производи, што пак може да резултира со помала понуда на рафтовите.

„Ако трговците имаат премногу мала заработка, можеби нема да нарачуваат исто количество производи како порано. Ова би можело да доведе до намалени залихи, што значи дека граѓаните ќе имаат помал избор“, вели Ангела Димитиевиќ, управителка на маркет во центарот на Скопје.

Од Владата уверуваат дека трговците имаат обврска најмалку 70% од производите од овие категории да бидат достапни на рафтовите и дека ќе има строги контроли од ДПИ.

Според Ристески, инспекциите ќе бидат активни на терен и ќе ги санкционираат прекршителите со казни до 20.000 евра.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.