Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Макфакс

20/02/2025

13:38

2.985

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе спречи тоа да се случи.

Тој исто така предупреди на растечките конфликти на Блискиот Исток и во Украина и ја нагласи важноста од брза акција за да се спречи ескалација на глобалните конфликти.

„Во целиот свет дејствувам бргу за да ги прекинам војните, да ги решам конфликтите и да го вратам мирот на планетата, сакам мир и не сакам да гледам како луѓето се убиваат“, рече Трамп.


Зборувајќи за војната во Украина и за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе стави крај.

„Погледнете ги, толку многу смртни случаи на Блискиот Исток и војната што се случува меѓу Русија и Украина. Ќе ја прекинеме. Нема корист од трета светска војна и не сме толку далеку од тоа. Да ги имавме претседателот Џо Бајден и неговата администрација уште една година, ќе бевме во трета светска војна, а сега за време на мојот мандат тоа нема да се случи“, рече Трамп.


Тој исто така ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на разговорите меѓу САД и Русија нарекувајќи ги голем чекор.