Пронајдени резултати за тагот: Државен пазарен инспекторат

Поевтини намирници или скриено поскапување – што ни носи владината мерка?

Владината одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговијата на големо и мало предизвика бурни реакции меѓу граѓаните. Некои сметаат дека ова е неопходна мерка која ќе помогне во стабилизација на цените на основните прехранбени производи, додека други се сомневаат во нејзината долгорочна ефективност.

19/02/2025 19:01


[ВИДЕО] Ристески: Донесена е одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.

18/02/2025 17:32


Мицкоски: Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април, очекувам намалување на цените на производите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави:

12/02/2025 16:03


[ВИДЕО] По двата бојкоти на маркетите Владата презема мерки: Ограничување од 10 отсто на маржите за стотина групи производи во маркетите

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.

11/02/2025 17:28


Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи е предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, ќе предложи денес премиерот Христијан Мицкоски на седница на Владата на која ќе одлучуваат за воведување мерки за намалување на цените. Оваа мерка е негов предлог, но какви мерки ќе се изгласаат премиерот рече дека ќе извести по денешната седница на Владата на која Државниот пазарен инспекторат треба да ја презентира анализата на цените.

11/02/2025 13:40


Запленети над 2.400 фалсификувани текстилни производи и обувки во Куманово

Во координирана акција за спречување на нелегалната трговија со фалсификувани брендови, полицијата во Куманово изврши контрола во десет продажни објекти, при што беа запленети 2403 парчиња облека и обувки.

09/02/2025 16:57


Ригорозни контроли за цените во два големи ланци на маркети од денес, инспекторите ќе утврдуваат дали ги изигрувале законите

Во пресрет на најавениот бојкот на маркетите поради лажно намалените цени, премиерот Христијан Мицкоски извести дека од денес се почнати вонредни контроли во два големи ланци на маркети.

29/01/2025 14:18


Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.

16/01/2025 11:09


Мицкоски: Трговците ги намалија цените пред Новата година, очекувам овој тренд да продолжи

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата. Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруват дополнителни екстра профити, па тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, 15 и повеќе проценти, истакна премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи очекување дека ваквиот тренд ќе продолжи и во следните денови.

03/01/2025 13:16


[ВИДЕО] Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.

27/12/2024 14:16


Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој најави реакција од институциите.

25/12/2024 13:16


[ВИДЕО] Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Трговците користат трикови, срамно е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната кошничка со намалени цени ги зголемија цените на маслото, лебот, млекото, млечните производи, шеќерот, јајцата… Премиерот Христијан Мицкоски, денес, на седница на Владата најави дека ќе бара од Министерството за економија и труд и од Државниот пазарен инспекторат да се преземат конкретни мерки за да се спречат триковите за зголемување на цените што ги користат трговците оти и тој добил информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови.

24/12/2024 13:13


Големите ланци маркети не ја поскапеле флашираната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во пресрет на најавениот прекин во водоснабдувањето кој треба да почне утре во раните утрински часови.

20/12/2024 15:09


Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, Пазарниот инспекторат ќе утврдува злоупотреби

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши соопшти дека откако вчера стартуваше мерката „новогодишна кошничка“ бројката на производи кои се опфатени со неа се зголемил на 1036 производи. Со мерката како што претходно беше најавено од страна на Владата, граѓаните ќе можат да набавуваат поевтини производи за 10%.

16/12/2024 13:22


Квалитетот на горивата под лупа – Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан е договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива, има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

05/12/2024 15:06


Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија, информираат од Државниот пазарен инспекторат.

26/09/2024 13:10


Паднаа првите казни: Три компании продавале училишен прибор за повисока цена од замрзнатата

Инспекторатот затекна три компании кои не ја почитувале одлуката за замрзнување на цените на училишниот прибор.

13/09/2024 17:10


Од утре инспекторите на терен, ќе проверуваат дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи.

04/09/2024 14:20


Герасимовски и жителите на Општина Центар повикуваат на мобилизација за решавање на проблемот со гласната музика од Интермецо

Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт“.

08/07/2024 11:33


Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) – се неработни за сите граѓани.

23/04/2024 12:52