Жерновски од „Службен весник“ дознал дека е отповикан од функцијата амбасадор во Романија: „Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар“

Макфакс

20/02/2025

15:53

2.190

Големина на фонт

а а а

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал од „Службен весник“.

„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот“, пушува Жерновски.

Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар


Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од...

Posted by Andrej Zernovski on Thursday, February 20, 2025

За наго тоа е како што вели трагикомично.

„По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално.

Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, констатира жерновски.