[ФОТО/ВИДЕО] Светот шокиран од пејачката која е на прагот од деветтата деценија: Пред настапот се појавила во проѕирно трико, а потоа направила нешто нечуено!

Точка

18/02/2025

17:44

4.379

Големина на фонт

а а а

Музичката икона, седумдесет и осум годишната Шер повторно ја воодушеви публиката со својот беспрекорен изглед и енергичниот настап на специјалното шоу по повод одбележувањето на 50-годишнината од „Saturday Night Live“.

Пејачката блесна со нејзиниот хит „If I Could Turn Back Time“ додека познатите личности од публиката со стравопочит гледаа на нејзиниот прекрасен настап.

Шер уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка. Пејачката се прошета на црвениот килим со својот партнер, продуцентот Александар Едвардс (39), а за настапот таа се појави во својот препознатлив стил, исто како и половина век претходно.

Таа избра едноделен црн полупроѕирен комбинезон кој цврсто и прилега на телото. Горниот дел беше црн и ги покриваше градите и интимните делови, а остатокот беше од целосно проѕирен материјал.


Пејачката носеше и црна кожена јакна со црни цирконски детали, кои беа присутни и на комбинезонот. Нејзиниот избор на обувки беа црни кожени чизми, кои допираа веднаш над нејзините колена, а нејзината раскошна црна кадрава коса го заокружи препознатливиот изглед.

На видеото се гледа како Шер танцува, очигледно загревајќи се за нејзиниот настап, додека нејзините обожаватели внимателно гледаат во неа.

Нејзиниот изглед предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека таа не остарела ниту ден во последните 50 години, а најчестиот коментар со кој сите се согласија беше:

„Една и единствена кралица!“.


Додека нејзиниот младешки изглед е зa восхит, експертите за естетска хирургија тврдат дека зад нејзиното беспрекорно лице и витка линија се крие низа естетски зафати. Самата пејачка претходно призна дека го оперирала носот и го подигнала лицето, но хирурзите веруваат дека станува збор за многу пообемна серија интервенции.


Покрај процедурите на лицето, експертите сметаат дека пејачката прибегнала и кон третмани за обликување на телото. Според професорот Хесус Оливас Менајо, можно е таа да користела липосукција и третмани кои користат радиофреквенција за затегнување на кожата и подобрување на контурите на телото.

Иако често се шпекулира за нејзините процедури, едно е сигурно – Шер сепак изгледа спектакуларно и продолжува да ја импресионира публиката ширум светот.