Жена со автомобил баран од Интерпол фатена ноќва на Табановце

Макфакс

18/02/2025

12:53

6.414

Големина на фонт

а а а

Денеска во 03.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено.

Таа била задржана во Полициската станица Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.