Американската НАСА и Европската вселенска агенција (ESA) активно го следат движењето на астероидот YR4, познат и како „убиец на градот“, откако процениле дека шансите за удар во Земјата се удвоиле.
За потсетување, научниците откриле дека веројатноста за удар се зголемила од 1,2% на 2,2%, додека Меѓународната астрономска унија (IAU) го категоризирала астероидот како „Ниво 3“ на скалата на опасност во Торино, што го прави единствениот со ниво над нула.
„Процентот ќе варира“
Проценките покажуваат дека YR4 може да ослободи енергија која е еквивалентна на неколку милиони тони ТНТ, а ударот би бил 150 пати посилен од атомската бомба фрлена врз Хирошима.
Иако пресметките изгледаат алармантни, астрономот и професор по планетарни науки, Ричард Бинзел од Технолошкиот институт во Масачусетс, верува дека нема причина за загриженост.
„Можеме да очекуваме процентот на веројатност да варира. Ова едноставно е начинот на кој се вршат научните мерења,“ изјави тој.
Потенцијален ризик од удар
Други експерти истакнуваат дека шансите од 2,3% за удар значат дека постои и 97,7% шанса YR4 целосно да ја пропушти Земјата.
Додека софистицираната технологија внимателно го следи движењето на најопасниот астероид, се огласи и Дејвид Ранкин, инженер на НАСА од проектот Catalina Sky Survey, кој презентираше проекции за потенцијално загрозените области.
Ако YR4 не ја пропушти нашата планета, неговиот пат ќе поминува низ појас кој се протега од северната страна на Јужна Америка, преку Тихиот океан, па до Јужна Азија, Арапското Море и Африка.
Значителна штета
Со други зборови, земји како:
• Индија
• Пакистан
• Бангладеш
• Етиопија
• Судан
• Нигерија
• Колумбија
• Венецуела
• Еквадор
НАСА објаснува дека континуираното следење на орбитата на астероидот ќе го подобри разбирањето на неговата „веројатност за удар“. Спомнува и можноста YR4 да биде отстранет од листата на опасни астероиди, како што беше случај со други „вселенски карпи“ во минатото.
Кога астероидот ќе ни се приближи во 2032 година, ќе биде на околу 106.000 километри од Земјата, што дава доволно простор за избегнување на најлошото сценарио, велат експертите.
Проценките велат дека YR4 е широк до 90 метри. Вакви „вселенски карпи“ ја погодуваат нашата планета во просек еднаш на неколку илјади години и можат да предизвикаат значителна штета.