[ВИДЕО] Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли за првпат во јавност среде судската битка: Актерот направи шега на сметка на светскиот скандал и сите се згрозени

Точка

17/02/2025

18:02

3.273

Големина на фонт

а а а

Рајан Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто „SNL“, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање.

“Рајан Рејнолдс! Како си?” го прашаа, а актерот рече: “Одлично! Зошто, што сте слушнале?” и на тој начин ја насмеа публиката, додека неговата сопруга наеднаш стана сериозна по неговите зборови.

Парот цела вечер изгледале расположено и покрај ситуацијата со Балдони. Тие, исто така, се појавија на црвениот тепих за прв пат откако го актерката го промовираше нејзиниот филм „It Ends With Us“ во август.

Блејк на црвениот тепих пристигнала во сребрен, светкав и припиен фустан, кој го искомбинирала со сребрени потпетици и едноставен накит. Рајан носел класичен црн костум.

Рејнолдс се пошегува за правната битка што неговата сопруга ја води со Џастин Балдони, но гледачите на Икс напишаа дека тоа е очајнички обид да се контролира штетата предизвикана од скандалот помеѓу Блејк и Џастин.

Бројните гледачи на шоуто истакнаа дека Блејк и Рајан ја користат својата слава за да се обидат да ја вратат јавноста на своја страна, откако многумина го бранеа Балдони.


„Колку е убаво што „SNL“ се обидува да ја контролира штетата за Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли - но тие нема да успеат“, „50 години „SNL“  засекогаш ќе бидат запаметени како местото на кое дојдоа Блејк и Рајан за време на нивниот скандал“, „Одвратно, сега навиваат за насилниците“, „Покажуваат колку се очајни“, „Дали тие навистина мислат дека можат да не измамат да мислиме дека сето тоа е една голема шега за нив и дека се над катастрофалниот наратив што се создава околу нив?“,  “Дали ова требаше да биде смешно? Зошто Блејк и Рајан воопшто присуствуваат на настани?”,„Колкав нарцис треба да биде Рајан Рејнолдс за да го направи тоа за време на прославата на 50-годишнината на SNL“,  се само дел од многуте коментари.

За потсетување во декември 2024 година, 37-годишната актерка го обвини актерот за сексуално вознемирување и одмазда, но Џастин ги негираше обвинувањата, по што Блејк поднесе формална тужба против него, а тој возврати со тужба од 400 милиони долари за клевета и изнуда.


Неговиот правен тим неодамна објави снимка од снимањето на сцената што Блејк ја наведе во нејзината тужба за да ги негира нејзините тврдења, а адвокатскиот тим на актерката побара СМС пораки од Балдони за да собере докази за неговата наводна кампања за оцрнување против неа. Судењето е закажано за 9 март 2026 година.