Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Макфакс

17/02/2025

08:09

673

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се случи многу наскоро“.

„Може да биде многу наскоро. Ќе биде наскоро“, им рече Трамп на новинарите.

Тој рече дека Путин сака да стави крај на војната меѓу Русија и Украина. „Мислам дека сака да престане да се бори. Го гледам тоа. Разговаравме долго време“, рече Трамп.

Тој додаде дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да стави крај на војната. „Одиме напред. Се обидуваме да постигнеме мир со Русија и Украина и работиме многу напорно на тоа. Ова е војна што никогаш не требаше да започне“, нагласи тој.

Трамп имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски на 12 февруари во обид да стави крај на конфликтот во Украина.