Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локален слаб дожд, со температура што ќе достигне до 32 степени. Од недела се очекуваат дождови, грмежи и нестабилни услови, а понатаму следува стабилизирање и опаѓање на температурите.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.








