Специјалниот прeтставник на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека Европа ќе биде консултирана, но на крајот исклучена од мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД.
На прашањето дали Европа ќе учествува во овие мировни преговори, Келог одговори: „Доаѓам од школата на реализмот и тоа нема да се случи. И на моите европски пријатели би им рекол: приклучете се на дискусијата, не со жалење дали ќе бидете или не на масата, туку со нудење конкретни предлози, идеи и зголемување на инвестициите во одбраната“.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски претходно рече дека Европа веројатно ќе биде исклучена од преговорите.
Зеленски повика на формирање европска војска во која Украина би имала централна улога. Тој денес потврди и дека Украина не го потпишала договорот што го предложи САД. Трамп, кој ја критикуваше американската помош за Украина од почетокот на руската инвазија, неодамна рече дека сака договор за пристап до украинските минерални ресурси како услов за континуирана поддршка од САД.