Тежок предизвик за Ѓоковиќ во Доха: Првиот противник по Мелбурн е добро познат, а вистинската битка допрва почнува!

Точка

15/02/2025

14:15

860

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ го дозна својот прв противник и потенцијалната патека на турнирот во Доха, кој ќе биде неговото прво натпреварување по повредата и повлекувањето од Австралија Опен.

Турнирот започнува на 17 февруари, а Србинот ќе се соочи со италијанскиот тенисер Матео Беретини во првото коло.


Доколку триумфира против Беретини, Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Јан Ленард-Штраф и Талон Грикспор.

Беретини, кој моментално се наоѓа на 34. место на АТП-листата, доживеа значителен пад во кариерата поради лични проблеми, откако во април 2022 година беше шести на светската ранг-листа, а две години подоцна се најде дури на 154. позиција. Сепак, Италијанецот повторно е во подем, што значи дека Ѓоковиќ немаше многу среќа со ждрепката.


Досега двајцата тенисери се сретнале четири пати, а во сите дуели победил Ѓоковиќ. Нивниот најзначаен меч беше финалето на Вимблдон во 2021 година, кога Новак го освои трофејот.

Во четвртфиналето можни противници на српскиот ас би можеле да бидат Џек Дрејпер или Алексеј Попирин, додека во полуфиналето најавено е можно соочување со Карлос Алкараз.


Фаворити за финалето од другата страна на ждрепката се Даниил Медведев и Алек де Минор.


Вреди да се напомене дека Јаник Синер нема да настапи на турнирот, откако беше официјално суспендиран само неколку часа пред ждрепката. Поради неговото отсуство, постои сомнеж дека ждрепката е поместена од првично закажаното време од 10 на 12 часот.